Breaking News

Променливо облачно со сончеви периоди, температура до 15 степени


Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намалува.


Преку ден ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови, засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.


Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.


Од утре до крајот на работната недела ќе се задржи стабилно и суво време, а утринските температури постепено ќе опаѓаат. дма/бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА