Breaking News

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено попладне.


Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи .


Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени. По денешното преодно наоблачување, следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите.


Значително потопло ќе биде во недела и на почетокот од следната седмица. дма/са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА