Breaking News

Променливо облачно со слаб локален дожд, магла во одделни котлини


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и магливо. Околу пладне ќе има услови за слаб дожд.


Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Според прогнозата на УХМР, и утре (четврток) ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла со променлив интензитет.


Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок, а нов влажен бран со врнежи претежно од дожд повторно се очекува во сабота попладне и во недела. хс/аа/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА