Breaking News

Променливо облачно со повремени врнежи


Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд претежно во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.


Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд.


Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 16 степени.

Според УХМР, во петок и сабота ќе биде посончево, а во петок попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.


Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. мч/бак/фото: МИА архива .

Извор: МИА