epaselect epa07073531 Fog floats above the landscape near Stara Basta, or Obast in Hungarian, southern Slovakia, 06 October 2018. EPA-EFE/PETER KOMKA HUNGARY OUT

Променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди


Наутро со услови за слаба магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.


Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 8 степени.


Следува период на променливо облачно време, повремено со услови за појава на утринска магла по котлините. Во сабота ќе има слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините слаб снег. Во недела ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд.

Скопје, 13 јануари 2023 (МИА)