Breaking News

Променливо облачно и постудено, претпладне локални врнежи од снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено, претпладне со локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од -1 до 5 степени, соопшти УХМР. Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди.


Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 2 степени.

Од понеделник до средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.


Најстудено ќе биде во понеделник и вторник. вг/бак/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА