Breaking News

Променливо облачно, а од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.


Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 28 степени.


Во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, на места со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. ев/ .

Извор: МИА