Breaking News

Проектили поминале во близина на брод југозападно од јеменскиот град Ал Худајда


Организацијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) денеска соопшти дека добила извештај дека проектили поминале блиску до брод на 50 наутички милји (93 километри) југозападно од јеменскиот град Ал Худајда.


„Командантот пријавил дека два проектили летале над бродот и дека слушнал два силни удари оддалеку“, наведе УКМТО во своето предупредување.


Бродот, како што се посочува, не пријавил никаква штета и дека екипажот е безбеден. „Бродот продолжува кон следното пристаниште. Властите спроведуваат истрага“, се вели во предупредувањето.

Хутите повеќе пати лансираа беспилотни летала и проектили врз меѓународните комерцијални бродови во Аденскиот Залив од средината на ноември, најавувајќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците и против израелските воени акции во Газа.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА