Breaking News

Проектил погоди болница во египетско туристичко одморалиште, 220 километри од Појасот Газа


– Најмалку шест лица се повредени во египетскиот туристички град Таба, кој се наоѓа во близина на границата со Израел, откако проектил утрово погодил здравствена установа, јави египетската телевизија Ал Кахера.


Според Ал Кахера, проектилот што ја погодил Таба е поврзан со борбите во Појасот Газа, кој се наоѓа на околу 220 километри, каде израелските сили се подготвуваат за копнена инвазија.


Сè уште не е познато која од завојуваните страни ја истрелала ракетата. јт/Фото: Х .

Извор: МИА