Breaking News

Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија


Во Собранието денеска продолжува со работа Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.


Ќе се сослушуваат сведоци и експерти и ќе се разгледуваат акти и документи поврзани со случувањата на Онкологија.


На 13-ти овој месец членовите на Комисијата ги почнаа дополнителните 30 дена за сослушување експерти и носители на јавни фунцкии, како и за анализа на документацијата и стенограмите од исказите на 60-ина сведоци кои беа претходно сослушани.

Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на случајот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија.


По комплетирањето на исказите и документацијата, како што најави претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи, ќе бидат донесени заклучоци кои ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.

дма/хс/Фото:МИА архива .


Извор: МИА