Breaking News

Продолжува периодот на топло време со високи утрински и дневни температури


Продолжува периодот на сончево и многу топло време. За утре синоптичарите најавуваат мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.


 Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе биде 10. Во Скопје, слично време со минимална температура до 20 и максимална до 39 степени.


Топлото време со високи утрински и дневни температури, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи до следната среда до кога ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.

Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. UV индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10. бак/са/Фото: МИА архива .


Извор: МИА