Breaking News

Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време


Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со појава на повремена умерена облачност.


Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре и во сабота ќе дува слаб до умерен, а во недела долж Повардарието повремено засилен северен ветер.


 Минималната температура утре ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 27 степени. дма/аа/Фото: МИА архива .

Извор: МИА