Breaking News

Продолжува интервјуирањето на кандидатите за членови на Антикорупциската комисија


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да продолжи интервјуирањето на кандидатите за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.


За новиот состав на Антикорупциската комисија пријавени се 42 кандидати.


Се очекува испрашувањето на кандидатите да заврши денеска, а одлуката кои кандидати го минале комисискиот филтер да се знае до крајот на следната недела.

 Комисијата за селекција на кандидатите беше формирана на 14 овој месец согласно Одлуката на Собранието за објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на ДКСК.


 Мандатот на актуелните членови на Комисијата – Билјана Ивановска, Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7 февруари следната година и тие немаат право на повторен избор.

Новата комисија треба да почне да функционира  на 8 февруари следната година. бак/дма/Фото: МИА  .


Извор: МИА