Breaking News

Продолжува 120 – та собраниска седница


Собранието денеска ќе го одржи 6-то продолжение на 120.


седница, на чиј дневен ред се повеќе Предлог-закони, меѓу кои и  Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија зa меѓународен воден транспорт во Oхридското Езеро.


 Пратениците ќе ги разгледуваат и предлозите за именување на членови на Фискален совет на Република Северна Македонија, предлог-законите за данокот на солидарност,  за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност,  на Законот за данокот на добивка, како и Предлог – законот за изменување на Законот за здравствената заштита, сите по скратена постапка.

 На агендата е и фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2024-2028 година. цр/са/Фото:МИА .


Извор: МИА