Breaking News

Продолжени за уште еден ден разговорите за примирје во Појасот Газа 


Делегацијата на Хамас ќе остане во Каиро уште еден ден на барање на преговарачите, а разговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, во кои досега нема резултати, ќе продолжат, изјави неименуван претставник на палестинската екстремистичка организација.


Во меѓувреме, Израел негираше дека добил контрапонуда од Хамас и дека се обидува да ги минира разговорите.


Претходно, високиот функционер на Хамас, Басем Наим изјави дека организацијата го претставила својот предлог за прекин на огнот пред преговарачите од Египет и од Катар и оти се чека одговор од Израелците, кои не дошле во Каиро.

Додека неименуван израелски претставник  изјави дека Тел Авив ги вложува сите можни напори за да постигне примирје и дека се чека одговор од Хамас.  ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА