Breaking News

Пробиштип со повеќе активности за новогодишните и божиќни празници


Во Општина Пробиштип пред новогодишните и божиќните празници предвидени се низа активности за најмладите, а денеска градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов им подели пакетчиња и на децата во детските градинки.


Тој посочува дека  активностите ќе бидат пред се за најмалите децата, но има содржини и за повозрасните граѓани кои ќе може да уживаат пред празниците и квалитетно да го поминат своето време.


Анастасов најави дека за утре на градскиот плоштад е закажан настан за најмалите, а активности ќе има и во детските градинки и основните училишта.

-Полека завршува 2023 година и влегуваме во периодот на новогодишните и божиќните празници.


Традиционално Општина Пробиштип организира повеќе настани пред се за најмалите наши сограѓани, кај дечињата во детските градинки, основните училишта.

Она кое сакам да го најавам во деновите е 28 декември на градскиот плоштад во Пробиштип имаме забава за најмалите, ќе има низа артисти и забава секако со нивниот најспоскауван гост во овој период тоа е Дедо Мраз,  вели Анастасов.


Програмата  за Нова година во Пробиштип почна на 20 декември со посета на децата од детската градинка „Гоце Делчев“ кај градоначалникот Анастасов.

За утре освен настан за децата, градоначалникот ќе има средба и со пензионерите, како и со преставници на месните заедници.


Во периодот од 26 до 29 декември се делат социјални пакети за ранливите категории граѓани. Во програмата содржини има закажано и за наредната година, односно пред божиќните празници.

Пробиштип годинава е и новогодишно украсен. вдј/мд/Фото: МИА  .

Извор: МИА