Breaking News

Приведени двајца странски државјани на Табановце, по пронајдена дрога во нивното возило


На Граничен премин „Табановце“, вчера во 12. 30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Табановце ги лишиле од слобода Н. К.


(65) од Република Грција и Х. Ф. М. (46) од Австрија. Како што соопшти МВР, при преглед во патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, кое го управувал Н. К. , а сопатник бил Х. Ф. М.


, биле пронајдени и одземени марихуана, епрувети со кафеава течност и други предмети.

Лицата биле предадени на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Куманово за понатамошна постапка. вг/лв/ Фото: МИА Архива .


Извор: МИА