Breaking News

Приведена жена од Гостиварско, украдените пари и накит пронајдени и вратени на сопственичката


Полицијата вчера околу 18. 15 часот во гостиварски Градец ја лиши од слобода 54-годишната М. Р. од ова село. Како што соопшти МВР, половина час пред тоа, таа била пријавена од 36-годишната Б. Р.


од гостиварски Добридол дека во возило од јавен превоз, во кое се превезувала, од чантата ѝ одзела девизи и накит. Случајот целосно е расчистен, а одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката.


Против М. Р. ќе следува соодветен поднесок. мд/са/ Фото: МИА архива  .

Извор: МИА