Breaking News

Приведен жител на скопски Грчец баран со потерница


Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска го лишија од слобода С. Е. (23) од скопското село Грчец. Како што соопшти МВР, С. Е.


бил баран со потерница по наредба на КПУ Затвор Скопје, а бил осуден на казна затвор во траење од три години. С. Е. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа. мд/црФото: МИА архива  .


Извор: МИА