Breaking News

Приведен разбојник од Скопје, против него е поднесена кривична пријава


СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против скопјанецот С. И. (63) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.


Од МВР информираат дека на 2 март годинава во казино на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот со закана со пиштол кон вработениот одзел пари од дневниот промет.


По преземени мерки и активности тој бил лишен од слобода и со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом. Со кривичната пријава С. И.

бил изведен пред судија на претходна постапка, од чија страна на лицето му е одредена мерка домашен притвор. дма/са/ Фото: МИА архива .


Извор: МИА