Breaking News

Приведен криумчар на мигранти  


 Полицијата денеска попладне околу 17 часот на автопатот „Пријателство“, меѓу Табановце и Куманово го лиши од слобода И. Ѓ. (32) од Гевгелиско.  Како што информира МВР, И. Ѓ.


во патничко моторно воџило „пежо“ превезувал три лица мигранти од Непал. -По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението. мд/дма/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА