Breaking News

Приведен крадец во Богданци, следува соодветна пријава


Полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци вчера попладне го лишиле од слобода С. П. (40) од Богданци. Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во периодот од 8:00 до 14.


30 часот влегол во продажен објект во Богданци и одзел пари. Кај него биле пронајден дел од парите и прашкаста материја и таблета.


 Лицето било задржано во полициската канцеларија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/фф/Фото: МИА архива .

Извор: МИА