Breaking News

Припадници на украинските диверзантски и извидувачки сили се обидуваат да се пробијат во областа Курск


Припадници на украинските диверзантски и извидувачки сили се обидуваат да се пробијат во областа Курск, а борбата со руската гарда, разузнавачките и безбедносните сили (ФСБ) и воениот персонал е во тек, објави руската гарда на платформата Телеграм.


„Единиците на руската гарда учествуваат во одбивањето на непријателските напади во близина на селото Тјоткино, во областа Курск“, се наведува во објавата.


Гувернерот на регионот Роман Старовојт пријавил обид за инфилтрација на диверзанти околу 11:45 часот по московско време.

Тој ги повика жителите да бидат внимателни и во специјалните служби да пријават сомнителни лица, напуштени предмети и дронови. рп/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА