Breaking News

Презентација на студијата „Ефектите на кризата со храна и енергија врз децата и семејствата“


Во Скопје денеска ќе биде презентирана студијата за „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“.


Настанот го организира УНИЦЕФ во рамките на заедничката иницијатива на УНИЦЕФ, УНДП и ФАО „Identifying Systemic Pathways for Responding to the Global Crisis on Food, Energy and Finance in North Macedonia“, што се спроведува во партнерство со Фајнанс Тинк.


Пред присутните ќе се обратат министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.

На презентацијата ќе бидат претставени наоди од студија за влијанието на порастот на цените на храната и енергијата врз сиромаштијата, за постојните мерки на политиките, ефектите од нив и за тоа како може да се подобрат или дополнат во иднина. Воедно ќе има и дел посветен и на ефектите од кризата врз давателите на основните социјални услуги – вклучително и Центрите за социјална работа и општините. дма/са/


Фото: Фајнанс Тинк