Breaking News

Презентација на студентски преводи од чешки, од руски и од полски јазик на Катедрата за славистика


На Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, денеска ќе бидат презентирани студентски преводи од чешки, од руски и од полски јазик.


 На претстaвувањето на преводите, студентите од групата за Руски јазик  ќе читаат извадоци од „Невеста без мираз“ и „Седи си на свое место“ од А. Н.


Островски, и извадок од расказот „Сонот на смешниот човек“ од Ф. М. Достоевски.

 Студентите од групата за Полски јазик ќе читаат извадоци од полските поети: Вислава Шимборска, Јан Бжехва, Марќин Швјетлицки, Ципријан Камил Норвид и Рафал Војачек.


 Студентите од групата за Чешки јазик ќе читаат извадоци од „Стари чешки легенди“ од Алојз Јирасек. дма/мд/Фото:МИА архива  .

Извор: МИА