Breaking News

Презентација на анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините“


Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за правни истражувања и анализи денеска ќе ја презентираат анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија“.


Од Фондацијата Конрад Аденауер инфромираат дека оваа анализа претставува документ преку кој се утврдуваат проблемите и предизвиците од аспект на законската рамка, како и од аспект на вршење на надлежностите на релевантните институции во обезбедување квалитетен амбиентален воздух.


-Воедно оваа публикација дава анализа на правната рамка и актуелната состојба и генерира многу јасни и концизни препораки, чијашто имплементација веруваме ќе придонесе кон целосна легислативна и функционална превенција од загадување на амбиенталниот воздух.

Здравата животна средина претставува едно од универзалните човекови права и опфаќа повеќе сегменти, меѓу кои е и квалитетот на амбиенталниот воздух, кое e прашање од посебен карактер, соопштуваат од Фондацијата.


Обраќања на настанот ќе имаат Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Жарко Хаџи-Зафиров од Центарот за правни истражувања и анализи.

Организаторите најавуваат дека во рамки на предвидената панел-дискусија, авторите Александар Гоџо и Никола Јовановски ќе имаат можност да ги презентираат главните заклучоци и препораки од анализата, а излагање на темата ќе имаат заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска и градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.


фф/са/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА