Breaking News

Превентивни активности на МВР во Прилеп и Кавадарци


На подрачјата на Прилеп и Кавадарци вчера се реализирани превентивни активности во кои целни групи беа средношколците и повозрасните граѓани, соопшти денеска МВР.


Во Средното општинско училиште – Гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп и од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени едукативно-превентивни работилници на темите  „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“.


– Во Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес на повеќе локации во градот организираше средби и разговори со граѓаните околу клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот – пешаците, односно повoзрасните лица, соопшти МВР.

мд/Фото: МВР .


Извор: МИА