Breaking News

Претседателот Пендаровски на инаугурација на турскиот претседател Ердоган


Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Анкара ќе присуствува на инаугурацијата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој победи на неодамнешните избори и доби нов мандат.


По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја која ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи гости кои ќе бидат присутни на инаугурацијата во Анкара.


 сх/бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА