Breaking News

Претседателот Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 година


Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 година на авторите Миа Шириќ, Дејан Секуловски, Илија Божиновски и соработниците Саше Нешиќ и Катина Сутоглу од Студио Синдикат за проектот Изложбено-дистрибутивен центар со магацин Балканија, Визбегово – Скопје.


Големата годишна награда ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на  претседателот Пендаровски. .


Извор: МИА