Breaking News

Претседателот на Собранието Гаши оствари проштална средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо


– Претседателот на Собранието Африм Гаши, оствари проштална средба со досегашниот кинески амбасадор во земјава Џанг Ѕуо.


– Во оваа пригода, претседателот Гаши изрази благодарност за придонесот на амбасадорот Ѕоу во изминатите години за одржување и продолжување на добрите односи што двете земји ги негуваат со децении.


Тој му посака на кинескиот амбасадор успех во понатамошната работа и на новите должности, информираат од кабинетот на Гаши.

Соговорниците се согласиле дека, и покрај географската оддалеченост, односите меѓу две држави се пријателски и се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и заемно почитување.


– На средбата се разговараше и за продолжување и унапредување на соработката меѓу законодавните домови, со оглед на тоа што во Собранието на РС Македонија е во тек процесот на конституирање на пратеничките групи за соработка, соопштуваат од Собранието.

Амбасадорот Ѕуо ја истакнал солидарноста меѓу двете држави за време на справувањето со ковид-пандемијата.


Двајцата соговорници размениле мислења и околу можностите за интензивирање на економската соработка и поддршка, како и на соработката во други области. ир/нд/Фото: Собрание .

Извор: МИА