Breaking News

Претседателот на Собранието Џафери на божиќно честитање кај архиепископот г.г. Стефан


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска традиционално беше во посета на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г.


Стефан, за да му ги честита божиќните празници и неговиот именден – празникот на Св. Првомаченик Стефан. -Претседателот Џафери му посака на г. г.


Стефан, како прв на православната верска заедница, добро здравје и благосостојба, успех, мудрост и верба во исполнувањето на високата духовна мисија, давајќи го својот придонес во градењето на сигурната иднина за младите генерации и за напредокот.

  За време на средбата се сретна и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, како и со дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери.


хс/нд/Фото: Собрание на Република Северна Македонија   .

Извор: МИА