Претседателот на Аргентина најави затворање на новинската агенција Телам


– Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи денеска најави затворање на јавната новинска агенција Телам, која ја опиша како „агенција за пропаганда“ на поранешната претседателка Кристина Киршнер.


– Ќе ја затвориме агенцијата Телам, која во изминатите децении се користеше како пропагандна агенција на Кристина Кирхнер, рече Милеи во говор во парламентот, без да даде други детали.


Владата на Милеи во февруари соопшти дека планира да ја „промени органската и функционалната структура“ на сите јавни медиуми, вклучително и Телам, како и на националното радио и телевизија.

Основана во 1945 година, Telam има повеќе од 700 вработени и секој ден емитува околу 500 национални вести, 200 фотографии, како и видео и аудио содржини.


Телам, според нејзината веб-страница, е „единствената агенција во земјата која има мрежа на дописници во сите аргентински провинции и има неколку договори за соработка со меѓународни агенции“.

Агенцијата, исто така, на својата веб-страница наведува дека веќе била цел на обиди за затворање на неколку претседатели.


Реструктуирањето на агенцијата во 2018 година доведе до 357 отпуштања, од кои некои беа судски поништени. јт/Фото: Телам .

Извор: МИА