Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Генералштабот на Армијата и МО


Претседателката на државата и врховен командант на Армијата на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе го посети Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.


Како што најавија од Генералштабот, за време на посетата на Министерството и на Генералштабот, претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари средби со министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генералите во Армијата и со високите раководни лица во Министерството.


цр/дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА