Breaking News

Претседателите на САД и Германија денеска ќе имаат средба во Белата куќа


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе престојува во посета на Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти  Белата куќа.


„Состанокот во американската престолнина треба да ја потврди „нашата блиска соработка како сојузници на НАТО во голем број важни прашања како што се одбраната на демократските вредности и нашата заедничка посветеност да ја поддржиме Украина во одбраната од руската инвазија“, се наведува во соопштението од Белата куќа.


Берлин објави дека Штајнмаер патува на покана на Бајден. Тоа ќе биде прва средба на двајцата претседатели откако поранешниот шеф на германската дипломатија ја презеде претседателската функција.

Според Белата куќа, официјална причина за посетата е Германско-американскиот ден, кој се одбележува на 6-ти октомври во спомен на доаѓањето на првите доселеници од Германија во Филаделфија во 1683 година.


ссм/ .

Извор: МИА