Breaking News

Премиерот на Грузија, Гарибашвили најави оставка (ДПЛ)


– Премиерот на Грузија, Иракли Гарибашвили на прес-конференција соопшти дека ќе поднесе оставка пред парламентарните избори во октомври.


Тој истакна дека му било понудено да ја замени премиерската функција за претседател на владејачката партија Грузиски сон (ГМ), потег за кој ќе се дискутира на претстојниот конгрес на ГМ на 1 февруари.


Претходно грузиските медиуми објавија дека Иракли Кобахиџе, претседател на владејачката партија Грузиски сон, ќе го замени Гарибашвили, кој е премиер на Грузија од 2021 година.

Директорот на Грузискиот институт за политика, Корнели Какачија изјави дека промената на премиерската функција најверојатно нема да ја промени досегашната политика на Владата.


Според него оставката на Гарибашвили е со цел да се збијат редовите на владиниот блок пред изборите.

Според анкетите, ГМ останува најпопуларната партија во Грузија, но нејзината поддршка е намалена во споредба со 2020 година, кога не освои мнозинство за самостојно да формира влада.


Грузија во декември доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ и покрај тензичните односи со Западот поради обвинувањата за авторитарно владеење и продлабочувањето на врските со Русија.

ГМ тврди дека е за членство на Грузија во ЕУ и во НАТО. Русија, која има воени гарнизони во два отцепени региони на Грузија, е против членството на земјата во НАТО.  ми/фото: ЕПА .


Извор: МИА