Breaking News

Премиерката на Исланд, Јакобсдотир најави дека ќе поднесе оставка, ќе се кандидира за функцијата претседател


Исландската премиерка Катрин Јакобсдотир денеска најави дека ќе поднесе оставка за да се кандидира за претседателската функција.


Во видеото снимка објавена на Фејсбук, таа соопшти дека планира да се кандидира на претседателските избори закажани за 1 јуни, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет, пренесува јавниот сервис РУВ.


Се уште не е познато кој ќе ја наследи Јакобсдотир на премиерската функција. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА