Breaking News

Прекинат прагот на алармирање во Кичево


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекинат прагот на алармирање во Кичево, со што престануваат да важат заштитните мерки и препораки поради алармантно загадување воведени пред една недела.


-Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 26. 01.


2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Кичево, известуваат од МЖСПП.

ир/аа/ Фото: МИА архива .


Извор: МИА