Breaking News

Пред претседателот Пендаровски ќе бидат презентирани реализираните активности на Армијата во текот на годината


Пред претседателот на државата и врховен командант на Армијата Стево Пендаровски денеска ќе биде презентиран степенот на борбената готовност на Армијата.


 Реализацијата на плановите и задачите и состојбата во Армијата во текот на годинава, пред Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и претставници од Кабинетот на претседателот и генерали во Армијата, ќе ги претстават началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на ГШ, бригадниот генерал Симеон Трајковски.


 Брифингот, кој е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант, е со цел претставување на состојбата во функционалните области кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата.

Од Министерството за одбрана најавуваат дека претседателот Пендаровски подетално ќе биде запознаен со состојбата и степенот на реализација на активностите во областите на персонален менаџмент, обука и вежби, операции во земјата и странство, опрема и инфраструктура, воено планирање и структура на сили, модернизација, буџетирање и финансирање.


лв/бак/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА