Breaking News

Пратениците во посета на Агенцијата за разузнавање


Членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање денеска ќе оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за разузнавање.


Оваа Комисија ги разгледува прашањата што се однесуваат на почитување на правата и слободите утврдени со Уставот и закони од страна на АНБ и Агенцијата за разузнавање на граѓаните и други правни лица, законитоста во спроведување на овластувањата на АНБ и Агенцијата за разузнавање од аспект на пречекорување на овластувањата, преземање неовластени постапки, злоупотреба и други негативности во работењето, спротивно на нивните права утврдени со закон, методите и средствата што ги користат АНБ и Агенцијата за разузнавање од аспект на законитоста и почитувањето на правата на граѓанинот и други субјекти, материјалната, кадровската и техничката опременост на АНБ и Агенцијата за разузнавање, воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор и други прашања што се однесуваат на АНБ и на Агенцијата за разузнавање.


ев/лв/   .

Извор: МИА