Breaking News

Пратениците на ЕУ го поддржаа Вопке Хоекстра за висока позиција во ЕУ за климата


Пратениците на ЕУ ја поддржаа кандидатурата на поранешниот холандски министер за надворешни работи, Вопке Хоекстра, за висока позиција во ЕУ за климата, и покрај загриженоста за неговите минати врски со нафтената индустрија.


Европратениците од Комитетот за животна средина, исто така, му дадоа зелено светло на словачкиот комесар Марош Шефчович да го надгледува амбициозниот климатски пакт познат како Европски зелен договор, рече Паскал Канфин, шеф на комисијата во објава на социјалните мрежи.


Именувањата утре треба да бидат одобрени од сите пратеници. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА