Breaking News

Пратеникот Павле Трајанов учествуваше на дигитална седница на ПС на ПСЈИЕ


 Пратеникот Павле Трајанов, член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ) учествуваше на дигитална седница на Комисијата за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка на ПС на ПСЈИЕ.


Како што информира собраниската прес-служба, на седницата во организација на Приштина, учествувале делегации на парламентите на Албанија, Косово, Северна Македонија, Турција, Словенија и Хрватска, како и претставници на Регионалниот секретаријат за парламентарна соработка во Југоисточна Европа.


На учесниците им се обрати Мефаил Бајкиновци, пратеник од Косово и претседател на Комисијата. Посебен гостин на седницата беше Арменд Мехај, министер за одбрана на Косово.

Членовите на Комисијата дискутираа за предлогот на Извештајот и нацртот на Резолуцијата на тема: „Зајакнување на кохезијата меѓу земјите на ПСЈИЕ, во поддржување на универзалните вредности и санкционирање на непровоцирана руска инвазија на Украина“.


Во своето обраќање пратеникот Павле Трајанов истакна дека Република Северна Македонија ја поддржува предложената Резолуција и ја осудува руската агресија кон Украина, со што Русија, како што се наведува, флагрантно го крши меѓународното право.

Тој посочи дека нашиот став за ова прашање е целосно усогласен со политиките на НАТО и со ЕУ.


Понатаму тој укажа дека целосно ја поддржуваме Украина во одбрана на својот суверенитет и територијален интегритет.

– Нашата држава обезбедува помош, материјална и воена во согласност со нашите можности.


Цврстo веруваме дека Украина ќе ги ослободи сите свои окупирани територии од Русија, истакна пратеникот Трајанов.

Собранието на Република Северна Македонија, како што се наведува, усвои Резолузија со која ја осудуваме руската агресија и даваме силна поддршка на влезот на Украина во НАТО и отпочнување на процес на преговори со ЕУ.

Трајанов истакна дека го поддржуваме дијалогот меѓу Приштина и Белград и очекуваме прифатливо решение за нормализација на односите меѓу двете страни.

– Со очекува Предлогот на Извештајот и нацртот на Резолуцијата на Комисијата за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка на ПС на ПСЈИЕ да бидат усвоени на Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што ќе се одржи во средината на мај во Будва во рамки на црногорското претседавање со Процесот, се вели во соопштението.

мд/аа/Фото: Собрание на Северна Македонија  Извор: МИА.