Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Повторно заедно“, во организација на Здружението „Аутизам ААМК“.
Настанот се организира по петти пат во април – месец посветен на зголемувањето на свесноста за лицата со аутизам, нивно прифаќање, почитување и инклузија.
-„Повторно заедно“ и годинава ќе биде огромна игротека на отворено, со бројни активности: кошарка, ракомет, „Не лути се човече“, големи сложувалки, спортски вежби, забава, музичко и ликовно катче, како и базарче со изработки од лица со атипичен развој.
Сцената на Школка ќе биде богата и шаренолика со бројни настапи, како на типични, така и на атипични деца.
Настанот е од отворен тип, добредојден е секој кој сака да сподели и да добие љубов, соопштија организаторите. бт/црФото: Здружението „Аутизам ААМК .
Извор: МИА