Breaking News

Повозрасна скопјанка прегазена на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје


Патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од Р. М. (25) од село Глумово, скопско, вчера во 12:07 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје удрило во М. Н. (78) од Скопје.


 По несреќата, како што информира МВР,  М. Н. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар била констатирана смрт.


 За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. вј/Фото: МИА архива    .

Извор: МИА