Breaking News

Повеќе од 50 приведени за време на демонстрациите во Вашингтон за мир на Блискиот Исток


Американската полиција уапси повеќе од 50 луѓе во Вашингтон кои се собраа да го повикаат раководството на САД да се залага за траен мир на Блискиот Исток.


Активистите на американската кампања за палестинските права, потоа на еврејскиот глас за мир, како и други собрани на овој протест, носеа маици со слоганот „Инвестирајте во животот“ и побараа Конгресот да го отфрли предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за нова финансиска помош за Израел.


Тие побараа од американската влада да ги пренасочи средствата кон домашните приоритети наместо да го вооружува Израел.

-Полицијата насилно ги прекина демонстрациите одржани во канцеларијата на американскиот Сенат и приведе 51 лице, јавуваат американските медиуми. мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА