Breaking News

Потпишување на Студентскиот манифест од парламентарни политички партии


Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св.


Кирил и Методиј“ – Скопје за денеска го најавува потпишувањето на Студентскиот манифест од страна на политичките партии кои се дел од парламентарниот состав.


 Како што наведува, потпишувањето ќе значи поддршка на визијата и потребата од реформирано високо образование.

-Поканети се политички претставници од партии кои се во парламентарниот состав на Собранието денеска во Студентскиот културен центар во 13 часот да го потпишат овој документ и да не поддржат во нашата визија и потреба за реформирано високо образование, стои во најавата на Универзитетското студентско собрание.


Студентскиот манифест беше промовиран на 6 март 2024 година од Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“ – Скопје, но зад нео застанаа и универзитетските студентски собранија на Универзитетот „Св.


Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово.

Документот, како што беше речено, е повик за подобрување на студентскиот стандард, за подобра иднина на студентите, како и за подобро високо образование во предизборниот стадиум.


мч/са/фото: МИА архива    .

Извор: МИА