Breaking News

Потпишување договор за техничка студија за интеграција на пловечки фотоволтаични постројки во Националната мрежа за наводнување


Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе биде потпишан договор за подготвка на техничка студија за интеграција на пловечки фотоволтаични постројки во Националната мрежа за наводнување.


Договорот ќе го потпишат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и фирмата консултант ГЛОБАЛТЕК.


Најавено е присуство и на амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија. бак/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА