Breaking News

Потпишување договор за подготовка на активности за изградба на откупни центри во Струмица и во Ресен


Во Владата денеска ќе биде потпишан договор со консултантски конзорциум за подготовка на активности за изградба на откупни центри во Струмица и во Ресен.


Во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, договорот ќе го потпишат министерот на земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и консултантски конзорциум.


Како што најави владината прес-служба, на настанот ќе се обрати премиерот Ковачевски. лв/фото: МИА архива  .

Извор: МИА