Breaking News

Потпишување Декларација за фер, слободни и демократски избори


  Претседателите на подмладоците на политичките партии денеска во Скопје ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза.


Чинот на потпишување на Декларацијата е традиционален настан во организација на Институт Охрид, кој започна од 2014 година и се одржува пред секои избори.


Потпишувањето на оваа Декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво.

дма/бак/Фото: Институт Охрид .


Извор: МИА