Breaking News

Потпишани договори за 129 проекти за рамномерен регионален развој во вредност од 13 милиони евра (ДПЛ)


 Директна финансиска поддршка од 800 милиони денари (13 милиони евра)  за 129 нови проекти ќе бидат распределени во општините и планските региони во државава преку Програмата за регионален развој.


 Договорите за финансирање на проектите, од кои 29 се за планските региони, а 100 за општините беа потпишани денеска во Владата.


Парите се наменети за развој на локалната патна инфраструктура, изградба на градинки, набавка на урбана опрема и подбрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Според вицепремиерот за економски прашања  Фатмир Битиќи, целта е да се намали диспаритетот во социо-економскиот развој на државата и поделбите на село и град.


За жал, оцени Битиќи, се наоѓаме во ситуација кога разликата помеѓу најнеразвиениот регион – Североисточниот, со  најразвиениот  – Скопскиот, е еден спрема седум.

–  Тој јаз не може да го адресирате ако немате конзистентни полтики кои се инкорпорираат во сите различни програми на Владата.


Само со  конзистентен пристап  за пет до 10 години од денес можеме да кажеме дека ќе се намали нерамноправноста што сме успеале да ја создадаме од 1:7, рече Битиќи, на прес-конференција по потпишувањето на договорите.

Тој информираше дека Владата на 14.


месецов донела четири одлуки со кои од Буџетската програма за рамномерен регионален развој се обезбедуваат 800 милиони денари за 129 проекти за поддршка на инклузивниот регионален развој на создавање можности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во урбаните и руралните средини во сите 80 општини, во осумте плански региони.

Принципот на распределба на буџетските пари е обратно пропорционален на развојот, односно најмалку развиените општини и региони добиваат најмногу финансиски средства.

 Со Одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони, се обезбедени 440 милиони денари (над седум милиони евра), за 29 регионални проекти  што ќе се реализираат преку осумте плански региони.

Преку Центарот за развој на скопски плански регион во најразвиениот плански регион ќе се реализираат пет проекти, за низ се одвоени 515 илјади евра, а насочени се кон развој на инфраструктурата.

Од друга страна, пак, најмалку развиениот Североисточни плански регион ќе добие милион и 237 илјади евра, финансиски средства со кои преку два проекта ќе се подобрува управувањето со отпад и ќе се развива инфраструктурата за пристап до туристички локалитети.

Останатиот дел од средствата ќе бидат прераспределени помеѓу останатите шест плански региони, правично распределени согласно нивниот развој, а се наменети за развој на енергетската ефикасност, туризмот, локалната патна инфраструктура, како и инфраструктурата за млади, за спорт и рекреација, за регулирање на речни корита, подобрување на канализациони и водни мрежи.

Со останатите три одлуки на Владата се одобрени  околу 360 милиони денари (околу шест милиони евра), за 100 локални проекти што ќе се реализираат преку единиците на локалната самоуправа, а ги опфаќаат сите 80 општини.

На овој начин, посочи Битоќи, ги намалуваме разликите во можностите за економски и социјален развој на граѓаните помеѓу урбаните и руралните средини.

Битиќи информираше и дека со Одлука за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на села, Владата одобрила 120 милиони денари (два милиони евра) за 39 проекти, кои ќе го забрзаат руралниот развој и ќе допринесат во  премостувањето на јазот меѓу градовите и селата.

-Станува збор за проекти кои во главно се насочени кон развој на руралната локална комунална инфраструктура, локални патишта, инфраструктура за водни услуги, зголемување на капацитетите за управување со отпад во селата низ државата, набавка на механизација за локални јавни претпријатија, регулација на речни корита и атмосферски канализации, како и за други инфраструктурни проекти кои на нашите граѓани кои живеат во селата ќе им го унапредат квалитетот на животот, појасни вицепремиерот.

 Инклузивниот пристап во поттикнувањето на рамномерниот регионален развој на Владата, според него, може да се согледа и преку Одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбани подрачја, со која се одобрени два милиони евра за финансирање на 29 проекти за развој на урбаните подрачја во сите осум плански региони.

  Притоа, прецизираше Битиќи, 7,2 процента од финансиите ќе завршат за проекти за развој на урбаните подрачја во Скопскиот плански регион, 11,1 процент  во Југоисточниот, а 11,3 проценти  во Источниот плански регион,  11,9 проценти од 119.

924. 238 денари се одобрени за проекти кои се поднесени од општини од Пелагонискиот плански регион. За урбаниот развој во Полошкиот регион одобрени се 15. 830.

100 денари или 13,2 проценти од средствата, за Југозападниот плански регион 13,3 проценти, Вардарскиот 14,7 проценти  додека развојот на урбаните подрачја во Североисточниот плански регион ќе биде поддржан со 20.

747. 025 денари, што се 17,3 проценти  од средствата одобрени со оваа Одлука.

Со Одлука за доделување  средства за финансирање проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби, пак, се предвидени 120 милиони денари со кои општини и невладини организации од целата држава ќе реализираат 32 проекти кои ќе бидат фокусирани на задоволување на специфичните развојни потреби на локалните заедници.

Тие се однесуваат, помеѓу другото, и на заштита и развој на културните обележја, развој на содржини за млади, студија за изводливост на енергетска ефикасност во градинки и проекти за заштита на животна средина.

Според министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, трошењето на средствата што се доделуваат е целосно под контрола преку сите институции на Владата.

-Во овие проекти не може да има нетрансперентност. Ги следиме проектите во реализацијата од почеток до крај, рече Пенов.

Тој појасни дека Програмата за регионален развој се одвива секоја година, предвидлива е и овозможува да бидат финансирани проекти по избор на локалните власти во опфат во кој градоначалниците и општинските совети сметаат дека имаат проблеми во општините.

Не е само инфраструктурата, туку и проблемите во културата, социјалата,. .

  рече Пенов, појаснувајќи дека преку оваа Програма досега се поставувани фотоволтаци, поправани се училишта, општински згради, обновувана е локална патна инфраструктура.

  Со реализација на програмите, како што рече Пенов, од 2021 година досега учеството на средствата вложени во регионалниот развој го надминува законскиот минимум од еден процент.

Програмите, најави министерот, продолжуваат, а за да им се овозможи на општините успешно аплицирање со вакви проекти преку Програмата на УНДП се почнати активности за спроведување проекти за обуки.

лв/са/фото:МИА архива  .

Извор: МИА