Breaking News

Потпишан меморандум за соработка меѓу шесте синдикални организации на универзитетите


На Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев”(УГД)-Штип денеска беше потпишан на меморандум за соработка на шесте синдикати на универзитетите во земјава.


Андон Мајхошев претседател на синдикатот на УГД-Штип рече дека цел на денешното потпишување е заедничка соработка меѓу универзитетите и остварување на нивните права кои ги заслужуваат.


– Основната цел и поентата е да соработуваме заедно, особено во делот на активностите кои престојат по конституирање на новата Влада, а тоа е потпишување на Колективен договор за вработените во јавниот сектор.

Освен тоа којшто има примарна задача влегуваат и други активности кои планираме да ги остваруваме во наредниот период.


Да се вмрежиме со други јавни универзитети од соседството, непосредното опкружување и пошироко во Европа.

Да соработуваме на заеднички проекти заедничка едукација, планирање на заеднички активности, кои значат заштите на правата и обврските о одговорностите на вработените во јавните универзитети, изјави Мајхошев.


Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикати на УКИМ-Скопје рече дека е историски момент за сите универзитети, можност да се зголемат платите за вработените, но и бројот на вработени во високо образовните институции.

Потпишувањето на Меморандумот е од огромно значење за сите синдикати. вдј/ирФото: МИА  .


Извор: МИА